За секојдневно возење низ градските улици многумина ги возат сингл спид точаците или пак хибридните точаци кој имаат рамен волан имаат брзини но со геометрија на роад брзински точак. Додека сингл спид велосипедите се со геометрија на road брзински точак но без менувачи и преноси. Лесни и брзи за низ гратските улици и доста атрактивни по својот излгед.
Веруваме дека секој од вас ги има гледано натпреварите ТУР де Франс или пак Џиро Италија каде најпознатите и најдобрите велосипедисти се борат да ги освојат престижните жолти маички. Овие велосипеди се одликуваат со многу мала тежина врвни делови а изминативе години бележат и многу технолошки напредувања.
Планинските велосипеди се потешки и поробусни од брзинските велосипеди. Имаат повеќе амортизери и самата геометрија на овие велосипеди е многу поразлична од брзинските велосипеди. Во зависност за каков терен и на каков начин ке се вози и самите планински велосипеди се разликуваат меѓу себе во геометрија и опрема доколку се работи за крос кантри возење , маратон, спуст , фристајл итн
Велосипед специјално дизајниран за cyclo cross трки. Cyclo cross велосипеди потсетуваат на тркачки велосипеди, главните разлики помеѓу овие велосипеди е геометријата на рамката, и пошироката дозвола што велосипедистите ја имаат за користење пошироки гуми за кал и други остатоци што ги акумулираат.
Се користат во бмх натпревари или за фристајл/слободно возење. Рамките на бмх велосипеди се направени од различни видови на челик, и алуминиум. Поевтините бмх велосипеди обично се направени од челик, додека оние кои се користат за натревари се дизајнирани, изработени од високо модифициран и квалитетен челик.
Дизајниран и адаптиран за велосипедисти кои имаат различен тип на инвалидитет (слепи и слабовидни лица, лица со церебрална парализа, локомоторни пречки, физички недостатоци)

web site: www.lepanto-crosscountry.gr
email: info@prasinomple.gr
phone: 0030 26340 25016
Куп на Македонија
Куманово
ВФМ,
ВК Вело-М
сениори, јуниори, кадети и мастерс
Куп на Македонија, Ранг-листа Вело-крос
Кичево
ВФМ,
ВК Спид бајк
сениори, јуниори, кадети и мастерс
Ранг-листа Вело-крос


На 2 тркала претставува проект за едукација на младите и сите останати кој сакаат да се запознаат повеќе со велосипедизмот како спорт, рекреација и превозно средство како и сите други намени каде што се користи. Проектот е запозначна од Велосипедскиот клуб Оксижен потпомогнат од Град Скопје.